Промовирана Декларација за осуда на говорот на омраза и дискриминаторски говор

Денеска беше промовирана Декларацијата за осуда на говорот на омраза и дискриминаторскиот говор кон жените, лезбијките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите лица и маргинализираните заедници во текот на изборната кампања  поддржана од 7 политички партии.

Целта на Декларацијата е неупотреба и осуда на говорот на омраза кон жените, ЛГБТИ и маргинализираните заедници и  покажување политичка волја за промовирање на култура на демократски дијалог во пред/изборниот период.

На конференцијата учествуваа претставници на организациите иницијатори и претставници на политичките партии кои ја поддржаа декларацијата   (Либерална Партија, Либерално-демократска партија, Демократска обнова на Македонија, Демократски Сојуз, Нова социјалдемократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Алијанса за позитивна Македонија и Социјалдемократски сојуз на Македонија).

Декларацијата е иницијатива на Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, ЛГБТИ Центар за поддршка, Акција Здруженска, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ и Национална Мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

 

Декларацијата можете да ја преземете од библиотеката на nemrazi.mk

You may also like...