ЗНМ: 2009.03.11 – Реакција на текст во весникот Вечер

Среда, 11 март 2009 – Советот на честа при ЗНМ реагира на непочитувањето на професионалните стандарди од страна на весникот Вечер во наднасловот на текстот „А1 и Велија емитуваат бугарска пропаганда“ објавен на 10.03.2009-та година. Имено, Советот смета дека со наднасловот „ Отворете четири очи кога се Бугарите во прашање, па дури и за ТВ шоу“ весникот Вечер го крши членот 10 од Кодексот на новинарите кој од новинарите бара да

„не говорат со јазикот на омразата и да не поттикнуваат на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка..).

Не навлегувајќи во правото на весникот да алармира на одредена појава во медиумската сфера, да коментира и да се обиде да биде креатор на јавното мислење Советот смета дека формулацијата на надналасловот „Отворете четири очи кога се Бугарите во прашање“ ја пречекорува линијата на толеранција на слободата на новинарскиот израз и поттикнува омраза и дискриминација врз основа на национална припадност.

Извор: Соопштение на Здружението на новинарите на Македонија.

You may also like...