Одржана третата обука против говор на омраза на Интернет

На 27 февруари, 2014 година во просториите на ГЕМ клубот во Скопје се одржа  обуката на тема „Борба против говор на омраза на Интернет“ на која присуствуваа  8 учесници. Оваа обука е трета од циклусот обуки на оваа тема кои ќе се реализираат во текот на годината.

 20140227_124100

Професорката Мирјана Најчевска го водеше првиот дел од обуката каде зборуваше за препознавање и спротивставување на говорот на омраза. Потоа следеше запознавање со механизмите за пријавување на говор на омраза на социјалните мрежи, како и практична вежба чија цел беше зајакнување на презентациските вештини на учесниците.

Обуката за борба против говор на омраза на Интернет е дел од иницијативата против говор на омраза која е покрената од МОФМетаморфозисРеактор и Центар за нови медиуми.

Останатите активности од Иницијативата против говор на омраза на интернет, како и други ресурси може да се проверат на веб-локацијата www.nemrazi.mk.

You may also like...