Изгласани победниците на конкурсот за графички решенија против говор на омраза на Интернет

Жирито и публиката ги изгласаа победниците на конкурсот за избор на графички решенија против говор на омраза на Интернет кој што траеше во периодот од 11 до 17 март.

Графичките решенија беа поставени на Фејсбук страницата  https://www.facebook.com/nemrazi  на која публиката од 11 до 17 март во 14 часот имаше можност да гласа за најпопуларно решение.

  • Награда од публиката за популарност, во износ од 200 евра

Наградата од публиката за најпопуларно решение од 200 евра ја доби предлог решението бр. 9 на Марко Ружин, кое има 1800 лајкови на албумот и сликите заедно.

  • Награда од жирито, во износ од 500 евра

Жири комисијата составена од: Небојша Вилиќ, Мирјана Најчевска, Небојша Гелевски, Жарко Трајановски, Стефан Алексиќ и Бардил Јашари, го изгласа предлог решението бр.4 Коцев за победник, а решението освен наградата од 500 евра ќе биде употребено за визуелните елементи и дизајнот на веб- сајтот nemrazi.mk како и за промотивните активности против говор на омраза на Интернет.

На второ место според жири комисијата е предлог решението бр. 7 на Сандра Андоновска, додека третото место го делат предлог решението бр. 6 на Матеј Богдановски и предлог решението бр. 17 (BAIKA).

You may also like...